Увоз на стари автобуси и камиони до крајот на септември

Bez autora
May 05 2010

Транспортерите што имаат намера да увезат половни автобуси и камиони, можат тоа да го сторат до 30 септември годинава. На барање на транспортните фирми, Владата го задолжи Министерството за економија да го продолжи овој рок за уште пет месеци, кој, онака како што беше даден во почетокот на годината, од страна на транспортерите беше оценет како прекраток за реализација на планираните набавки на вакви возила. Првобитно дадениот рок од три месеци за увоз на половни автобуси и камиони истекува денеска. Со Правилникот за единечно одобрување на возило, освен патничките се опфатени и возилата од категориите: М (за превоз на патници), Н (за превоз на стоки) и О (приколки), што значи тука се и автобусите и камионите. Кога станува збор за старосната граница за увоз на половни автобуси и камиони, таа е дозволена од 1995 година наваму, и тоа за возила со ЕУРО 2 стандарди. Притоа, за увоз на камиони и автобуси не се наплаќа акциза, туку само ДДВ и царина.

Увоз на стари автобуси и камиони до крајот на септемвриТранспортерите што имаат намера да увезат половни автобуси и камиони, можат тоа да го сторат до 30 септември годинава.

На барање на транспортните фирми, Владата го задолжи Министерството за економија да го продолжи овој рок за уште пет месеци, кој, онака како што беше даден во почетокот на годината, од страна на транспортерите беше оценет како прекраток за реализација на планираните набавки на вакви возила. Првобитно дадениот рок од три месеци за увоз на половни автобуси и камиони истекува денеска.

Со Правилникот за единечно одобрување на возило, освен патничките се опфатени и возилата од категориите: М (за превоз на патници), Н (за превоз на стоки) и О (приколки), што значи тука се и автобусите и камионите. Кога станува збор за старосната граница за увоз на половни автобуси и камиони, таа е дозволена од 1995 година наваму, и тоа за возила со ЕУРО 2 стандарди. Притоа, за увоз на камиони и автобуси не се наплаќа акциза, туку само ДДВ и царина. Од Царинската управа велат дека од 13 март до 30 април годинава во земјава биле увезени 529 возила за превоз на стоки и 151 автобус за превоз на над 10 патници.

Во почетокот на годинава, кога се носеа овие прописи, немаше корекција кај царината за товарни возила, зашто таа и онака е ниска, при што за увоз на камиони и автобуси од ЕУ се движи од 1,5 до 2 проценти, а од следната година оваа стапка ќе се сведе на 0, според Договорот за стабилизација и асоцијација.

Златко Кочовски, управител на СИЗ "Македонија сообраќај" АМЕРИТ, вели дека зашто во земјава има многу товарни возила, набавени уште од периодот на ембаргото од меѓународната заедница кон Србија, кога беше дозволен нивен интервентен увоз. Оттогаш се внесени дури 800 возила со највисоки Еуро 4 и 5 стандарди.

За автобусите, пак, е друга приказната, затоа што тука имаме многу стар возен парк, поради што се смета дека кај нив уредбата на Владата за увоз на половни возила ќе биде од полза. Особено, кај оние за внатрешниот сообраќај, за домашните меѓуградски линии, како и за потребите на образованието и одбраната, односно за превози на ученици, или на воени лица, каде што едноставно превозниците не можат да им излезат во пресрет на барањата за превоз со квалитетни превозни средства.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik